
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе им се обрати на граѓаните по повод посетата на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан Метју Палмер. Како што е најавено од Претседателството на Србија, Вучиќ ќе зборува и за Косово, претстојните преговори со Приштина во Брисел, напредокот на Србија на европскиот пат, разговорите со претставниците на опозицијата, и неговото најавено учество на седницата на Советот за безбедност на 8 јуни.