ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ на средба со Путин во Сочи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Сочи ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин. Вучиќ вчера изјави дека тоа е „многу важна“ средба за Србија, на која со Путин ќе разговара за „клучните политички прашања“.

„Русија е наш четврти трговски партнер и верувам дека имаме многу простор да ја зголемиме трговската размена. Завршивме многу преговори со руските партнери, договоривме стратешка програма за соработка до 2026 година во различни области на економски развој и трговија“, рече Вучиќ, кој оцени дека Србија има добра воено-техничка соработка со Русија.

„Точно е дека Србија повеќе вложува во зајакнувањето на армијата, но на сите им е јасно дека ќе бидеме лесен плен за секој што не и посакува добро на Србија ако не го сториме тоа“, изјави Вучиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button