Вучиќ објави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“
Вучиќ објави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека земјата што ја води се соочила со „добро организиран обид за државен удар“ во кој биле вклучени „сите државни институции“. Вучиќ ги даде овие изјави за време на состанокот со претставници на студентите кои се спротивставуваат на блокадите на факултетите, што се одржа во зградата на Претседателството во Белград. Сепак, тој не посочи од каде доаѓаат она што го опиша како „странски средства“.
„Почнувајќи од основните и средните училишта, преку универзитетите и обидите преку здравствениот систем, до електраните од кои зависи животот во Србија. Да не зборуваме за полицијата. Кога ќе излезат овие ужасни податоци, ќе видите кој „пумпал“ и кој со кого склучувал договори. За да се организираат овие активности „беа потребни странски средства, политички совети и лекции“, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.