РЕГИОН

Вучиќ: очекуваме концентриран притисок од ЕУ и САД околу Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека може да се очекува „концентриран“ притисок од ЕУ и САД врз Србија во врска со прашањето на Косово. По седницата на Претседателството на Српската напредна партија (СНС), Вучиќ рече дека на Србија и претстои „тежок период“ во кој, како што оцени, ќе биде изложена на „сите можни притисоци, кампањи и невистини“. „Важно е да се разбере тежината на позицијата во која се наоѓаме сега, особено по промената во администрацијата на САД. Можеме да очекуваме концентриран притисок од ЕУ и САД врз Србија да ги исполни барањата за, како што отворено вели Вашингтон, признавање на Косово“, изјави Вучиќ.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button