
Вучиќ рече дека Европскиот совет на патот, кој е долг, ќе процени колку е направено од планот за имплементација. Ќе се оценува независно за секоја од страните што направиле
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по средбата во Охрид изјави дека е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат дел од преговарачката рамка, јавува Н1.
Вучиќ рече дека Европскиот совет на патот, кој е долг, ќе процени колку е направено од планот за имплементација. Ќе се оценува независно за секоја од страните што направиле.
„За нас приоритетна обврска е обврската да се формира Заедницата на српски општини (ЗСО) согласно претходните обврски од дијалогот“,рече тој.
Вучиќ додаде дека и денеска не потпишал ништо.
Дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво продолжи денеска во Охрид под покровителство на Европската Унија, а во фокусот на средбата беше финализирањето на Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти најпрвин, одвоено, се сретнаа со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, а трилатералната средба започна нешто пред 15:30 часот и заврши околу 22 часот./360степени/