ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вучиќ – Се смрзнав па ќе скратам: Србија нема други интереси освен да покажува пријателство кон македонскиот народ и сите граѓани на С. Македонија

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на денешното примопредавање на вакцините од „Фајзер“,, на граничниот премин Табановце истакна дека чинот го гледа единствено како израз на пријателство кон Македонија кој можел да се случи и пред десетина дена, но се одложил поради одредени технички детали.

Advertisements

„Се смрзнав, па ќе скратам. Гледам дека ниту вам не ви е топло. Среќен сум што ова можевме да го направиме, можевме и пред десет дена, но имавме многу проблеми со добивање дозвола за извоз бидејќи тоа се мошне стриктни процедури. Среќен сум што можеме да помогнеме на нашите браќа и пријатели. Кога го велам ова сакам едно да порачам, Србија нема никакви други интереси освен да покажува пријателство кон македонскиот народ и сте граѓани на С. Македонија“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button