РЕГИОН

Вучиќ: Со Приштина сакаме суштински разговори, во септември ќе барам исполнување на договорот за ЗСО


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во днешното обраќање до јавноста, говорејќи за дијалогот со Приштина, изјави дека Белград сака разговорите да бидат суштински, а не формални, да се видат конкретни чекори и тие да ги решават проблемите, јави дописникот на МИА од Белград.

-Приштина го посочи проблемот со реципроцитет, ние рековме, нема проблем, за пласманот на нашата стока, нека на пратките пишува „Србија“, не мора „Република Србија“. Но, тие тоа го одбија, кажа Вучиќ.

Тој повтори дека Белград сака економска соработка, затоа што е важно да се почитуваат четирите клучни слободи – протокот на луѓе, стоки, услуги и капитал.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button