ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Вучиќ: Српските функционери да бидат вниматели во изјавите кон Северна Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во обраќање пред новинарите повторно се осврна на  Македонија и побара од српските функционери да бидат внимателни во изјавите за да не кажат нешто што би можело да биде искористено од страна на други, јави дописникот на МИА од Белград.

Advertisements

-Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за и нас да не направат исти како Курти, рече Вучиќ за РТС.

Тој посочи дека синоќа долго разговарал со Ковачевски и му кажал дека ако било кој во Македонија се чувствува навреден за било што, иако тој лично смета дека нема причина за тоа, тогаш се извинува бидејќи, како што рече, Македонците се наши браќа и немаме никаков проблем со нив“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button