ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ телефонски разговараше со Трамп: Верувам во посилно партнерство со САД

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчеравечер оствари телефонски разговор со новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, оценувајќи го за позитивен и продуктивен.

Advertisements

На својот инстраграм-профил, Вучиќ направи видео-обраќање до своите следачи, посочувајќи дека разговорот со Трамп поминал во срдечна и значајна атмосфера.

„Верувам во посилно партнерство со САД под водство на претседателот Трамп“, рече тој во видео обраќањето на Инстраграм.

Вучиќ рече и дека од разговорот може да се заклучи дека Трамп знае многу работи за Србија.

„Нема да ви се верува, но тој зборуваше дури и за спортските успеси на нашата земја“, вели Вучиќ.

Српскиот претседател вели дека за време на разговорот изразил надеж дека Трамп ќе ја посети Србија.

„Ја искористив можноста да изразам желба за дополнително подобрување на нашите односи во сите сфери на општественото живеење. Изразив и надеж дека тој ќе ја посети Србија, бидејќи токму во нашата земја поддршката за негово избор беше најголема во Европа“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button