
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој синоќа (24 ноември) гостуваше на британскиот јавен сервис Би-Би-Си изјави дека цел на државата е да стане полноправна членка на Европската Унија и дека никогаш не го признале Косово.
„Нашата цел е Србија да стане полноправна членка на ЕУ, но да ги има нашите традиционални пријатели и партнери на исток… На патот кон Европа не можете да постигнете ништо без мир и стабилност“, рече Вуќчиќ.
Во врска со Косово, Вучиќ изјави:
„Никогаш не сме го признале Косово. Никогаш не било кажано, никогаш не било напишано. Се трудиме да живееме во мир“.