ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Вучиќ задоволен од средбата во Брисел со Лајчак и Палмер


Алсат
06.09.2020 12:56
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Брисел изјави дека имал добра средба со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак и заменик помошникот државен секретар на САД Метју Палмер. Вучиќ истакнал дека верува оти сите разговори во Брисел ќе дадат резултати. Тој посочил дека официјалниот дијалог ќе продолжи утре, за три клучни теми на разговор – исчезнатите лица, внатрешно раселените лица и економијата, потпирајќи се дел од она што беше разговарано во Вашингтон.