
Српскиот претседател Александар Вучиќ штотуку се качил на авион за Москва, каде што ќе присуствува на Парадата на победата на Црвениот плоштад, пренесува „Танјуг“.
Српскиот претседател, како што пренесува агенцијата, во петок треба да има билатерална средба со рускиот претседател, Владимир Путин.
Медиумите во Србија во последните денови шпекулираа дека Латвија и Литванија му забраниле на српскиот претседател да лета до Москва, па затоа не е познато кој воздушен коридор го користел Вучиќ за патување до руската престолнина.
На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.