МАКЕДОНИЈА

Вучкова: Граѓаните слабо запознаени со програмите за субвенции за фотоволтаици

Инвестицијата во фотоволтаични панели, за едно домаќинство би се вратила за 4-5 години, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Ивана Вучкова, експерт по енергетика од Фондацијата Фридрих Еберт. Како што додава таа, постојат програми за субвенционирање, но со нив граѓаните не се запознаени.

Advertisements

„Ние имаме програми за субвенционирање за поставување на фотоволтаични и инвестирање во енергетска ефикасност, од Министерството за економија, но за жал, најголем дел од граѓаните не се запознаени со нив и се добиваат по принципот – прв дојден, прв услужен. Би требало, можеби државата тука да посвети внимание на утврдување на точни критериуми кој би требало да ги добие“, вели Вучкова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button