Вулај: Администрациите на САД ги менуваат приоритетите, но не и државните интереси

Активистот на албанската заедница во САД, Мартин Вулај во интервју за „Емисија 200“ на Алсат рече дека лобирањето кај новата администрација во Вашингтон треба да се прави на конструктивен начин. Вулај ја брани тезата дека треба да има структури што можат да имаат директен пристап до американската администрација, вклучително и администрацијата на новиот претседател Џо Бајден.
„Интересите на САД се линеарни, интересите не се менуваат, само приоритетите можат да се променат, потребни ни се структурни односи и со различни влади. Ова се индивидуални односи што постојат сега, има поединци во дијаспората кои имаат различни односи со поединци или со различни косовски функционери или политичари од Албанија и Македонија и ова треба да се смени со структурни односи меѓу дијаспората и државата, за да не се остава простор дијаспората да создава своја политика“, рече Вулај.