ВЕСТИ

Вулај: Потребна е соработка за унапредување на интересите на Албанците во САД

Активистот на албанското здруќение во САД, Мартин Вулај, ја повика Владата на Албанија, таа на Косово, но и високи албански претставници во Владата на Република Северна Македонија за побрза и пофокусирана посветеност кон унапредување на интересите на Албанците во САД. Според него, најновите случувања во САД во однос на Кина и случувањата во Европа ќе бидат предизвиците со кои ќе се соочи администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.

Advertisements

„Американските предизвици се многу големи, особено кон Кина, стагнацијата на Европа, егзистенцијалното прашање на Европската унија дали ќе постои или не, сите овие влијаат на приоритетите на САД, затоа треба да се ангажираме што е можно поскоро. На најфокусиран начин, во поблиска соработка со владата на Албанија, Косово и македонските власти со цел да ги унапредат интересите на Албанците тука во САД“, рече Вулај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button