СВЕТ

Вулканот во Исланд еруптираше по десетти пат во последните три години

Вулкан во близина на Рејкјавик, Исланд, еруптираше по десетти пат во последните три години, исфрлајќи лава и чад, соопшти Исландската метеоролошка служба.

Advertisements

Исланд, со речиси 400.000 жители, се наоѓа на границата меѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, што го прави сеизмички активна област со гејзери, топли извори и бројни вулкани, пренесува Ројтерс.

Кога магмата почна да се собира под земја, властите предупредија на можна ерупција на полуостровот Рејкјанес, кој се наоѓа на околу 30 километри југозападно од Рејкјавик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button