ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За 50 години Македонија уште повеќе ќе се испразни од жители

Во следните 50 години населението на С Македонија ќе се намали на приближно 1,5 милиони. Проекциите на Државниот завод за статистика за демографијата на земјава до 2070 година, упатуваат на пад на вкупниот број жители. Најкритичната проекција е 1,3 милиони жители. Според податоците, во последните 20 години во просек секоја година се иселуваат по околу 12.000 лица. Според директорот Апостол Симовски, намалувањето на наталитетот значително ќе влијае на стареење на населението.

Advertisements

Во 2002 година, вкупниот број на млади на возраст од 15-29 години бил над 480.000 или 24% од населението. Во 2021 година, овој број изнесувал 326 илјади или 18%. Тоа значи дека бројот на млади на оваа возраст се намалил за над 150.000 или за една третина за 20 години.

Дополнително на тоа, повеќе од 100.000 граѓани кои во 2002 година имале од 15-29 години, а денес би имале од 29-35 години повеќе не се во државава, односно не биле попишани на пописот во 2021 година. Овој тренд се повторува и кај децата на возраст од 0-9 години кои денес би имале 20-29 години. На последниот попис недостасуваат 16% од оваа група.

И покрај ваквата негативна статистика, цели 20 години никој не презеде никаква акција. 20 години некој ни ја украде иднината, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој рече дека ова е знак на „демографски отпор“, но и одраз на политичкото владеење.

„Во националната стратегија за развој зборуваме за зголемување на квалитетот на образованието во наредните 20 години што ќе им даде можност на сите што живеат во земјава, ова е директна мерка. Оние кои емигрираат заминуваат бидејќи не им се нуди можност и сметам дека ова ќе биде приоритет за секоја нова влада строго да се придржува до оваа стратегија за да се создадат нови можности за прекинување на миграцискиот тренд за оваа категорија“, рече Битиќи.

Според Пописот од 2021 година, вкупното население во С Македонија изнесува нешто повеќе од 2 милиони жители, вклучувајќи ја и дијаспората, од кои околу 1,8 милиони се резиденти во земјава.

Во вкупниот број на населението, 54,2% се декларираа како Македонци, 29,5% за Албанци, а останатите се од помалите етнички заедници.

Прогнозите каков би бил соодносот на бројот на етничките заедници во земјава по 50 години, не биле вклучени во проекциите на Државниот завод за статистика.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button