За апанажа на екс функционери биле исплатени 1,8 милиони евра

100 илјади денари по пратеник, и 71 илјада по именувано лице во Владата е просекот кои го земале избраните лица по основ на апанажа во периодот од 2014 до 2018 година. За ова државата вкупно потрошила 1,8 милиони евра. Антикорупциска предлага законот за апанажа да се промени и износот кои се зема да биде намален имајќи в предвид дека просечната плата е далеку помала во земјава.
„Анализата покажува дека избраните и именувани лица по престанокот на функцијата кој се избрани максимално го користат правото на апанажа пред се поради високиот износ што го добиваат. Ако може некој да живее со просечна плата зошто да неможат да живеат и лицата кои им завршил мандатот на ниво на просечна плата.“
Покрај ова Анкорупциска ќе поднесе прекршочни пријави за 18 пратеници од претходниот состав затоа што не поднеле воопшто или задоцниле со анкетните листови. Анкетен лист не доставиле Фадил Зендели, Амди Бајрам, Арта Точи, Зоран Горѓиевски, Ферид Мухиќ и други
„ Нашите служби направија контрола и утврдија дека 12 пратеници не доставиле анкетен лист а 6 пратеници доставиле со задоцнување. За сите овие задоцнети и недоставени анкетни листови односно за сите пратеници ќе се покренат дејствија кои се дел од прекршочната постапка. “
Антикорупциската проверуваше и како директорите на државните институции и членовите на управни и надзорни одбори ги користат службените возила и картички. Речиси во сите случаи директорите со интерен акт си регулирале колку време ќе го користат службено возило, но и колку членови ќе има во одборите. За антикорупциска несвојствено е да се користи службеното возила 24/7 па дури и во неработните денови. Во некој институции се утврдило дека има повеќе членови во одборите отколку вработени во институцијата. Антикорупциска бара да се ограничат дискреционите права на директорите а извештајот ќе го достават до вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.
Andrea Çobanova