ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
За Арсовска симптоматично е што дојавите за бомби се само за школи во надлежност на Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24 утрово за првпат изрази сомнеж дека лажните дојави за бомби во средните училишта се за да му се наштети на градското раководство.
Дојавите, вели таа, ги има само на средните училишта што се под надлежност на Град Скопје, додека досега немаше за основните кои се под капата на општините или во школите во други градови.
„Овие закани и дојави ги имаше само на скопските градски средни училишта. Несериозно, проѕирно е, гледаме што сакаат да направат и ние ќе ги преземеме сите мерки за да може да бидат заштитени“, рече Арсовска.