ВЕСТИЕКОНОМИЈА

За борба против скапотијата не требаат само субвенции, туку и поголеми плати

Државата продолжува да ја субвенционира струјата за приватните компании, а тие не се откажуваат од високите цени на производите и услугите. Не се работи само за основните продукти, туку за сите останати прехранбени и хигиенски средства без кои едно семејство не може да функционира. Ниту намалувањето на цените на дериватите не доведе до намалување на цената на превозот на стоки, иако компаниите секогаш поскапувањето го поврзуваа со поскапувањето на нафтата. Од друга страна, економските експерти велат дека во оваа ситуација единствено решение не може да биде државната помош и субвенциите, туку и зголемувањето на платите. Кризата го зголеми бројот на граѓани кои се на прагот на сиромаштија.

Advertisements

По одлуката за субвенционирање на струјата, минимално намалување на цените има само кај основните прехранбени производи. Владата пак, се фали дека цените се стабилизирале.

„Со податоците што ги добивме како Министерство за економија цените сега се стабилизирани, особено кај основните прехранбени производи. Одлуката за маржата ќе продолжи до крајот на април. По потреба имаме простор да воведеме дополнителни мерки, но најважно од сè е што некои ланци на супермаркети добија налог од извршната власт и почнаа да ги намалуваат цените за да не дојдеме во ситуација каде ние како држава да ги замрзнеме цените затоа што сме конкурентна економија и пазарот ги одредува цените“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Минималната плата е 18.000 денари, но за да преживее едно семејство ваква плата мора да земаат најмалку 4 члена затоа што според пресметките на Сојузот на синдикати, минималните месечни трошоци за четиричлено семејство во декември достигнале 52 илјади денари. Друга опција е двајцата родители да земаат барем просечна плата која е само 33 илјади денари. За храна за еден месец биле потребни најмалку 19 илјади денари, а за општи трошоци околу 13 илјади. Тоа е повеќе од половина од минималната синдикална кошничка. Останатите 3.600 денари се минимумот потребни за превоз, 2.900 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. Според минималната синдикална кошничка, за културни активности остануваат само 1.067 денари, додека за здравствени услуги само 799 денари.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button