МАКЕДОНИЈА
За брзо возење казнети 192 возачи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден биле санкционирани 192 возачи за брзо возење, од кои 117 во населено место и 75 возачи надвор од населено место.
– Во текот на вчерашниот ден (09.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 75 надвор од населено место, информираат од МВР.
Од МВР исто така велат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.