ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
За брзо возење во Скопје за еден ден напишани десетици казни

Полицијата во Скопје, вчера, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, изрече вкупно 196 мерки, меѓу кои 70 за возење повеќе од дозволената брзина, 17 за возење без возачка дозвола, 24 санкции за возење под дејство на алкохол и 12 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Исто така, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 за некористење сигурносен појас, седум за нерегистрирани возила, како и четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.