За да не го блокира опозицијата, на Законот за државјанство Владата му залепи европско знаме!

Владата стави европска sвезда на предлог-законот за државјанство. Според премиерот Зоран Заев, предлогот е во согласност со сите изјави и резолуции на Европската унија во врска со државјанствата и неговото усвојување нема да претставува проблем. Според Заев, блокадите на Левица се насочени кон поттикнување на меѓуетнички проблеми.
Иницијаторите на законот, Алијанса за Албанците и Алтернатива, очекуваат законот евентуално да биде изгласан веќе задутре.
„Очекуваме што е можно побрзо да го предложиме и да го донесеме законот во Собранието бидејќи се договоривме со европското знаме да ги избегнеме сите блокади. Очекуваме дека на следната 46 седница на 15 јули законот да биде во Собранието и евентуално да биде дел од дневниот ред на закажаната седница“, рече Сурија Рашиди, Пратеник на Aлијанса за Албанците.
Власта му стави европско знаме на законот по неколкунеделните блокади од партијата Левица. Предлог-законскиот текст е подготвен во согласност со начелата кои ги договорија Заев, Села и Гаши. Оваа постапка на Владата доаѓа по изјавите на албанската опозиција дека во случај законот повторно да заглави, тие повторно ќе почнат целосна блокада на Собранието.
Адријан Керими