ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За да се спречат последици за деветтоодделенците прекинат протестот во крушевско Нерово

Учениците од основното училиште „Никола Карев“ од селото Нерово, Општина Крушево, се вратија на настава по осум дена бојкот. Советот на родители ја донесе оваа одлука за да не им наштетат на децата, особено учениците од деветто одделение, кога станува збор за завршување на учебната година. И покрај прекинот на бојкотот, Советот на родители не се откажува од барањето за легализација на овој објект, каде што би учеле над 120 ученици.

Advertisements

„Децата се вратија во училишните клупи и ја продолжија наставата. Причината за ова не е затоа што добивме некаква гаранција од некого или од Министерството за образование или од Владата дека ќе се реши прашањето со новиот објект, туку го направивме со цел нашите деца да не изгубат, бидејќи е крај на учебната година, па да немаме проблем и со учениците од деветто одделение кои наскоро треба да се запишат во средно училиште. Затоа сметавме дека е разумно да го прекинеме бојкотот за учениците да можат да се вратат на училиште“, рече Дашмир Јусуфи, Совет на родители.

Министерството за образование сè уште не дава никакво појаснување за овој проблем. Во меѓувреме, во Собранието, на пратеничко прашање, Илире Даути од Алијансата за Албанците го повика премиерот Христијан Мицкоски да го спроведе Уставот за сите граѓани подеднакво.

„Вие како премиер на државата, верувам дека сте првиот човек кој треба да се грижи за спроведувањето на достоинството што го предвидува Уставот на нашата држава. Жителите таму бараат достоинствени услови за своите деца, бидејќи државата не им го овозможила тоа, тие презеле иницијатива и изградиле објект со сопствено финансирање“, рече Илире Даути, АА.

Премиерот Мицкоски рече дека одговорноста за ова прашање ја има Општина Крушево, но и оние кои со донации одлучиле да градат објект на земјиште што не е уредено правно и урбанистички.

Пред извесно време, градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, за Алсат изјави дека ќе се разгледа секоја можност новоизградениот училишен објект да не се сруши, туку да се стави во служба на учениците и наставниот кадар. Според градоначалникот Христоски, околу 90% од објектите во селата на оваа општина се без урбанистички план, вклучително и старата училишна зграда во која моментално се одвива наставата.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button