
Град попладнево заврна и во скопскиот регион, потоа во Охрид и на повеќе други места. Од Управата за хидрометеоролошки работи за наредните денови очекуваат стабилизирање на времето.
„Најнестабилно време денеска првично беше во западниот дел од земјава но до крајот на денот нестабилноста се прошири во повеќе делови од земјава. Утре и вторник се уште ќе има услови, но само за изолирана појава на дожд и грмежи, но во поголем дел од земјава ќе има сонце со мала облачност. После тоа, во среда следи стабилен период и многу топол“, изјави Костадинка Арсовска, Хидрометеоролошки завод.