За две години државните институции купиле 270 возила во вредност од 8.5 милиони евра

Само за две години, односно 2023 и 2024 година, државните институции набавиле возила за 8,5 милиони евра, просечно четири милиони евра годишно, што е двојно повеќе од неколку години наназад, вели Герман Филков од центарот за граѓански комуникации за Алсат.
Биле набавени 269 нови патнички возила, дел од нив купени, останатите земени на лизинг најчесто оперативен, што значи дека по истекот на периодот на лизингот треба да ги вратат, иако за возилата плаќаат како да ги купиле, додава Филков.
Меѓу нив се и 45-те владини возила за највисоките функционери, за кои има потрошено најмногу пари и секое чини по 50 илјади евра.
„Најмогу пари има потрошено владата тоа се тие 45 возила што ги зема на лизинг секоја трета година па ги враќа, но ги плаќа како за нови возила и исто така забележлива е многу ниска конкуренција на тендерите на 70 проценти на тендерите имаме само по една понуда што е дополнителен факт за некоја анализа, така што приметуваме тренд на зголемување и на трошоците но, и да кажам на еден начин луксузирањето на инситуциите со овие службени возила“, рече Герман Филков – Центар за граѓански комуникации.
Најскапото возило е на општина Шуто Оризари, потоа Државна видеолотарија, општина Битола, комуналец Кавадарци, како и водостопанство кои возила чинат од 51 илјада евра до 55.
Ивица Томовски, директорот на службата за општи и заеднички работи, за Алсат вели дека владата има набавено 45 возила на оперативен лизинг, вели дека ги плаќаат возилата по 50 илјади евра за на крајот да ги варатат и да не останат за државата и како што додава и тие 45 возила им се малку бидејќи кога ќе дојде поголема делегација државата треба да изнајми возила.
„Да дали се потребни ме прашавте 45, да потребни се и малку ни се, поради тоа што ние ги опслужуваме сите бивши претседатели на државата, ги опсужуваме сите министерсва, односно сите министри, ги опслужуваме делегацииите кои што доаѓаат во Република Македонија во разно разни посети и можам да ви кажам од сите овие 45 возила ние во гаража имаме само 4 возила што е премала бројка кога ќе дојде некоја соодветна делегација која што треба да ја пречекаме“, рече Ивица Томоски – Директор на служба за општи и заеднички работи.
Томоски посочи дека како влада почнале да прават анализи за тоа кој е подобриот начин за снабдување со автомобили дали преку лизинг или без, односно да се купуваат возила.
Нови возила набавиле 44 институции, а склучени се вкупно 72 договори за јавни набавки. Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.
Од оттаму велат дека треба да се донесе нова политика за тоа кој какви возила може да купи и да се вози во нив, поради тоа што секоја година позајмуваме пари од странство за да го наполниме буџетот.
Ангел Димовски