ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За две години, повеќе од 1000 граѓани станале државјани на Северна Македонија

За две години, повеќе од 1000 граѓани станале државјани на Северна Македонија

Вкупно 1101 лице во периодот од 2021 до 2023 година стекнале државјанство на република Северна Македонија, а од нив 284 лица биле со статус без државјанство. Со државјанство, граѓаните се стекнале по основ дека до 8 септември 1991 година, пред прогласувањето на независноста на Македонија живееле во земјава. Во Министерството за внатрешни работи се обработуваат уште над 200 вакви предмети, а неколку лица и веќе се одбиени.

Advertisements

„Во постапка по член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Северна Македонија се 229 предмети од кои 17 лица се без државјанство. За 7 лица донесени се негативни решенија бидејќи именуваните немале ниту еден доказ дека на 8 септември 1991 година живееле на територијата на Република Македонија по член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Северна Македонија„, велат од МВР.

Поради регулирање на статусот на граѓаните кои пред прогласувањето на независноста живееле овде, во 2021 година беа донесени измени и дополнувања на законот за државјанство кои се однесуваат токму во делот за стекнување со државјанство за граѓаните на други југословенски републики кои до независноста живееле во земјава. Согласно овие законски измени, граѓаните имаа право да поднесуваат барања за државјанство од 2021 до 2023 година. Пред да се случат овие измени, неусогласениот систем на размена на податоци на институциите, големиот број бирократски процедури и лошо креираните закони доведоа до тоа многу лица да останат без државјанство, поради што во земјава често беа нарекувани фантоми. Овој предлог закон, кој ги опфаќа поранешните државјани на југословенските републики кои до независноста живееле во Македонија да можат да добијат македонско државјанство беше поднесен во собранието од тогашните албански опозициски партии Алијанса за Албаните и Алтернатива. Во јули 2021 година со поддршка од мнозинството пратеници законските измени поминаа во собранието, а вклучуваа вкупно 16 услови за стекнување на државјанство Законот се донесе со европско знаменце по скратена постапка откако претходно Левица го блокираше со повеќе од 1.000 амандмани./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button