МАКЕДОНИЈА

За еден ден изречени 192 сообраќајни прекршоци во Скопје, од нив 116 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 116, 15 санкции за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.

Advertisements

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 17 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button