За една година отворени десетина дуќани во старата скопка чаршија
За една година отворени десетина дуќани во старата скопка чаршија

Повеќе од 10 дуќани ВО скопската чаршија, кои некогаш беа затворени или едвај можеа да ги платат трошоците за одржување, денеска станаа атракција и за туристите и за младите во земјава.
Улицата која порано беше позната како улица на занаетчиите, денес е полна со млади и кафитерии, додека вредноста на продавниците кои со години не можеа да најдат кираџии, сега е зголемена за 30%.
„Претходно кириите беа поевтини додека цените се зголемени, но не е премногу за да не се покрие бидејќи има многу движење на младите и можеме да се снајдеме“, рече еден сопственик на локал.
„За оваа една година што заживеа овде, секој може да види, атрактивно е, има туристи, можам да кажам дека туристите доаѓаат повеќе и пијат кафе и тоа секако предизвика киријата да се зголеми и можам да кажам дека е зголемена за 30%“, нагласи една сопственичка на локал.
Младите кои ја посетуваат оваа улица велат дека со отворањето на кафулињата чаршијата заживеала.
„Многу добро бидејќи и нас ни се дава можност да излеземе и е пофреквентно, се отворија кафулиња. Дали често ја посетувате? Чаршијата, да, бидејќи живееме во близина и често излегуваме“, рече еден посетитал.
„Да, недостасуваше бидејќи тоа беше период кога немаше толку многу луѓе и кафулиња и беше празно. Сега е многу добро“, додаде друг посетител.
Повеќе од 10 локали на оваа улица се отворени пред околу една година и според сопствениците оваа сезона очекуваат да имаат уште повеќе работа од лани, бидејќи покрај младите, овој дел од скопската чаршија го посетуваат и странските туристи како атракција./Алсат.мк
Авни Тахири