ВЕСТИЗДРАВСТВО

За една недела бројот на заболени од Ковид зголемен за 34%

Бројот на заразени со корона вирусот е зголемен за 33,9% за една недела. Извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од 10 до 16 јануари се регистрирани околу 11.200 позитивни случаи во 35 градови. Најголем број на зарази се регистрирани во Скопје, а најголема неделна инциденца е регистрирана во градот Крушево.

„Најзначајно е зголемувањето на позитивните случаи на возраст од 60 години и на возраст од 50-59 години во однос на пред една недела. Минимално намалување на бројот на заболени е забележано на возраст од 20-29 години и на возраст од 10-19 години. Минатата недела во 15 градови во земјава се регистрирани 55 смртни случаи, што е за 34,1% повеќе во споредба со минатата недела“, наведуваат од Институтот за јавно здравје.

И покрај значителниот пораст на нови случаи на Ковид-19, Министерството за надворешни работи соопшти дека Бугарија ја отстрани Северна Македонија од листата на земји кои не можат да влезат во Бугарија, без суштински потреби.

„Северна Македонија продолжува да биде во таканаречената „Црвена зона“, но со новата одлука се отстрануваат ограничувањата за влез за несуштински потреби. Според тоа, со најновата одлука на бугарските власти, која ќе стапи на сила на 20 јануари, на сите македонски државјани им е дозволен влез во Бугарија, со важечки сертификат за вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележување на вирусот, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетници од 12 до 18 години задолжително е и негативен ПЦР тест“, велат од МНР.

Во врска со најновата регулатива на Европската комисија, според која од 1 февруари третата доза ќе биде задолжителна за влез на територијата на ЕУ, ЕК во писмен одговор до АЛСАТ наведува дека сите мерки се разгледуваат на начин континуирано и ниту една мерка не е непроменлива.

„Ограничувањата за патување во ЕУ се само привремени мерки дизајнирани да помогнат да се стави крај на пандемијата што е можно поскоро. Тие се предмет на постојан преглед и редовно се ажурираат за да ги одразуваат најновите случувања. За патување во ЕУ, ЕУ го користи дигиталниот сертификат на ЕУ за КОВИД за да им овозможи на Европејците да продолжат со безбедно патување. Дигиталниот сертификат на ЕУ за КОВИД опфаќа вакцинација, тестирање и одлежување на КОВИД-19“, наведуваат од ЕК.

Регулативата на ЕК предвидува секое лице кое поминало 8 месеци од примањето на втората доза, при влез во ЕУ да се имунизира со третата доза, или на друг начин да оди на карантин или да поседува ПЦР тест како и сертификат за вакцинација со две дози.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button