ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
За едно деноноќие изгореле до 300 хектари борова шума и трева во пожарите во Пробиштипско

Во рок од 24 часа изгореа во пожарите во пробиштипските села Неокази, Трипатанци, Бунеш и Ратавици изгореа од 250 до 300 хектари борова шума и трева.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, вели дека пожарот, кој по вчерашните дождови е целосно изгаснат, бил опасен за месното население зашто се доближил на три метри од првата куќа во Неокази, а бил опасен и за пожарникарите од ТППЕ Пробиштип, Кавадарци и Штип, кои учествувале во неговото гаснење.
„Приоритет беше да се спасат домовите на самите луѓе за да нема поголема материјална штета. Она коешто денеска се констатира е дека има изгорено борова шума, а домови и друга инфаструктура нема оштетено“, вели градоначалникот на Општина Пробиштип.