За експертите новиот закон за енергетика е добар
За експертите новиот закон за енергетика е добар

Новиот закон за енергетика според професорот Димитар Димитров е за поздравување. Според него е изготвен одличен текст во кој се предвидени многу позитивни работи, една од тие е примената на производните единици да стават уреди за складирање на најмалку 20 проценти за складирање на енергијата од моќноста. Меѓутоа како што вели тоа од една страна е наметнување дека мора да се направи нешто, додека според економската логика неминовно е да се инсталираат батерии. Димитров вели дека со законот се создаваат голем број работи што треба да се завшат со што според него тоа нема да се случи во брз рок.
“Мојот страв е дека законот кој што се изразив позитивно, значи има голем број на работи што треба да се завршат и мене ми се чини дека во брз рок батерии нема да може да се стават, на пример во рок од една година, од друга страна соседите што се околу македонија на пример Бугарија Грција веќе значително вложуваат и уште многу ќе вложуваат во системите за складирање на енергија, практично ние и сега доцниме позади тоа“ – Димитар Димитров – професор Енергетика.
Според професорот Димитров, Минситерството за енергетика за да има капацитет да го имплементира овој закон, потребно е да ги зголеми своите капацитети. Вели на министерството му се дава можност да ангажира лица, меѓутоа според него тоа е најголемиот недостаток, бидејќи надворешните лица би била ангажирани според законот за јавни набавки, што во овој случај тој ова го гледа како слаба точка.
„Со оглед на тоа дека Македонија е е мала, значи бројот на врвни експерти не е голем, можно е критериумите да бидат симнати, па тие надворешни лица да не можат да одговорат на барањата што се понудени од Министерството. Така да во поглед на тоа јас би го направил поинаку тоа,да бидат ангажирани консултанти кои што би биле соодветно наградени, меѓутоа на тој начин би се избрале врвните луѓе во Македонија. А со тендерите знаеме како , квалитетот не е критериум туку е само елиминаторен дали задоволува или не“ – Димитар Димитров – професор Енергетика.
Новиот закон за енергетика предвидува воведување на батериите, како е- мобилсоста, односно прв пат да се дефинираат електричните автомобили. Се воведува енергетска сиромаштија. Односно методологија за пресметување на енергетски сиромашните, воведување финансиски и нефинансиски мерки. Како и формирање на граѓански енергетски заедници, со што станарите во една зграда ќе може да се здружат и заеднички да реализираат енергетски проект.