ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
За „Фајнанс Тинк“ предвидениот раст од 4,6 насто е преоптимистички во моментов

Во услови кога пандемијата сѐ уште постои, а неизвесностите и натаму се предизвик за економијата, проектираниот раст на економијата од 4,6 проценти е преоптимистички, оценува Благица Петрески, економски аналитичар од „Фајнанс Тинк“ во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат.
Како што додава таа, сериозен предизвик за развој на бизнисот е и прогласената енергетска криза.
„Енергетската криза и енергетските притисоци ќе постојат и понатаму ќе притискаат на севкупната инфлација. Сите овие аспекти упатуваат на фактот дека 4,6 проценти реален раст е преоптимистично во моментот“, вели Петрески.