СВЕТ

За годишната прес конференција на Путин акредитирани 774 новинари

Редовната годишна прес-конференција на претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе се одржи на 17 декември, а според податоците на веб-страницата на Кремљ, акредитирани се 774 новинари.

Advertisements

Конференцијата ќе се емитува во живо на повеќе ТВ канали, како и на радио станици.

Претходно беше објавено дека конференцијата, поради епидемиолошката состојба предизвикана од вирусот корона, ќе биде во формат на видео конференција, а претседателот Путин ќе им се обрати на новинарите од неговата резиденција во близина на Москва.

Минатата година настанот се одржа на 19 декември и траеше четири часа и осумнаесет минути, а претставниците на медиумите успеаја да постават повеќе од 70 прашања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button