ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За готовите пасоши МВР ќе праќа СМС пораки

МВР најави дека од понеделник ќе се олесни постапката за вадење пасоши на фото-штандот во МТВ и во поициската станица Пролет во Скопје. Според МВР, граѓаните чии патни исправи се подготвени, преку СМС пораки ќе бидат информирани да си ги подигнат. Истото може да го проверат и на веб-страницата mvr.gov.mk дали документот е готов. МВР апелираше до граѓаните да не одат на шалтерите на министерството на овие два пункта доколку не добиле ваква порака. На другите локации низ Скопје и другите градови постапката останува како и досега. Освен ова, МВР ги известува граѓаните дека не ртеба да плаќаат за нови возачки и сообраќајни дозволи, освен административната такса. МВР најавува дека ќе предложи законски измени за да не се плаќа ниту оваа давачка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button