За Град Скопје виновник за хаосот во градот се советниците од ВМРО ДПМНЕ
Кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска утринава на Фејсбук изнесе низа обвинувања во однос на тоа кој е креатор на хаосот во кој моментално се наоѓа градот – од нечистотата до немањето квалитетен и редовен јавен превоз. Во соопштението се вели дека директен виновник за ситуацијата е Советот на Градот, кој е под контрола на Христијан Мицкоски, кој намерно не ја гласа програмата за јавна чистота на комунална хигиена со што намерно ја нарушува јавната чистота. Велат, се работи за 100 луѓе кои во период од дваесет години редовно го чистат градот, освен оваа година.
„Советниците под контрола на Мицкоски за оваа своја партиска послушност за секоја седница добиваат по 500 евра. Единствен губитник во оваа политичка игра на акумулирање на моќ се граѓаните на Скопје. Целата операција на Мицкоски всушност е покривање на изневерените политички и национални ветувања, кои бее дел од фолклорот на митинзите и по штабовите, како и на сите негови прес-конференции“, велат од Град Скопје.