За кирија се плаќало трипати повеќе од пазарната цена

Ден откако владата го раскина договорот меѓу компанијата „Хеј“ и државната лотарија, премиерот Мицкоски рече дека киријата што Лотарија ја плаќала на компанијата Хеј е три пати поголема од цената што ја одредува пазарот. Тој подвлече дека раскинатиот договор е основа за кривична одговорност и дека постојат сериозни сомнежи за криминал од страна на претходната власт.
Раксинувањето на договорот со комапнијата Хеј во сопственост на пратеник на ДУИ ја коментираше и првиот вицепремиер Меџити.
„Со овој договор се планираше масовно кражба и перење на милиони евра од страна на високи фунцкционери на ДУИ. Но враќање назад нема. ќе се бориме до крај против епидемијата на коцкањето, а од друга страна коруптивните казино шеми ке ги уништиме без компромис. Ова е само почеток. Кулата од карти ќе се урне набрзо, а нејзините проектанти ке дадат отчет пред законот и пред граѓаните- напиша меџити“, рече Меџити.
Државната лотарија за 13 месеци исплатила над 300.000 евра на фирмата „Хеј“ за наем на поранешниот ресторан за свадби „Фестина“ во Визбегово, односно Државната лотарија за издавање на просторот од јули минатата година секој месец плаќала по околу 25.000 евра на фирмата „Хеј“.
„Со одлуката на Владата да го раскине договорот меѓу компанијата „Хеј“ и Лотарија на С. Македонија, останува нејасно што ќе биде со терминалите што се наоѓаат внатре во зградата. Дали ќе бидат запленети, каде ќе се складираат и каква судбина ќе имаат.
Фирмата „Хеј“ и е позната на јавноста, бидејќи ја водеа луѓе блиски до поранешниот вицепремиер Артан Груби, како и луѓе блиски до поранешниот заменик Исмаил Јахоски. Од она што е веќе познато во јавноста, истржители на МВР и истражители на обвинителството за организиран криминал и корупција ја провериле целата документација поврзана со објавените огласи, тендери, склучени договори, но и секоја друга пропратна документација поврзана со јавните набавки. Дополнително, под истрага е и формирањето на трите нови компании за организација на коцкање „77 битс“, „Весув“ и „Моцарт“.
Во овие компании државното акционерско друштво има 51% од сопственоста, додека приватните компании од Бугарија, Србија и Црна Гора како косопственици поседуваат 49%. Пред еден месец, со одлука на Владата, а претходно врз основа на автентично толкување на некои членови од Законот за игрите на среќа, беше утврдено дека Државната лотарија дистрибуирала лиценци спротивно на законот. Министерството за финансии ги достави сите докази до Основното јавно обвинителство.
Ајнур Бафќари