МАКЕДОНИЈА

За користење на флешери и непрописно вградени фолии казнети повеќе од 100 возачи

Во акциска контрола на МВР, на територијата на Македонија, санкционирани се 136 учесници во сообраќајот поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

Advertisements

– При контролата санкционирани се 136 учесници во сообраќајот, од кои 133 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и три санкции за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираа денеска од МВР.

Контролата е спроведена во периодот од 01.09.2023 до 30.09.2023 година.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button