ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За кучињата-скитници расправаше и меѓупарламентарна група

Проблемот со кучињата скитници со години останува нерешен. Напорите за законски решенија не беа успешни и тоа го покажува фактот што граѓаните од секоја општина се жалат и стравуваат дека кучињата скитници ќе ги нападнат. Меѓупарламентарната група за заштита на природата и борба против загадувањето денеска расправаше дали е потребно да се донесе нов закон или да се измени и дополни сегашниот. Беше речено дека законот треба детално да ги опфати правилата кои мора да ги почитуваат оние кои сакаат да имаат домашни миленици, а меѓу тие правила да биде и стерилизација на животното.

Advertisements

Проблемот со кучињата скитници се наследува од еден до друг градоначалник. Јавното претпријатие Лајка нема капацитет да ги третира сите кучиња во главниот град, па останатите општини се на листа на чекање. Некои од нив воопшто и не го продолжиле договорот со Лајка.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button