МАКЕДОНИЈА

За „Лајка“ утре ќе се бара финансиска помош од Град Скопје

Градот Скопје засега нема никакви планови за проширување на просторот во јавното претпријатие за згрижување на кучињата скитници „Лајка“, без оглед на тоа што расположливиот капацитет на ова претпријатие е за помалку од 200 кучиња скитници наспроти неколкуте илјади што шетаат по скопските улици. Според директорот на „Лајка“, Воислав Димитровски, претпријатието работи со финансиски потешкотии поради наследени долгови, а во моментов нејзиниот капацитет е полн. Тој утре на Советот на Град Скопје ќе предложи да се издвојат средства за ова претпријатие.

Advertisements

„Со членот 36 од Законот за локална самоуправа е дефинирана надлежноста на Советот на Град Скопје. Јавните претпријатија основани од Град Скопје може да добијат парична помош од основачот поради тоа што претпријатието е во незавидна економска состојба. Со оваа одлука се предвидува субвенција од 10.000.000 денари, обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година“, велат од Град Скопје.

Алсат неофицијално дознава дека дел од општините кои немаат потпишано договор со „Лајка“,не биле задоволни од конкретниот резултат на терен. Секоја општина што ќе потпише договор со „Лајка“ за своите услуги мора секој месец да префрла по 160 илјади денари на сметката на претпријатието. Јавното претпријатие „Лајка“ во текот на наредната недела ќе започне со теренска работа за пребројување на кучињата скитници.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button