ЕКОНОМИЈА
За минималната плата, синдикатите ќе организираат штрајкови

Синдикатите најавуваат активирање на шрајкови од петок поради одложување на денешната средба во Владата за зголемувањето на минималната плата. Преку соопштение до јавноста од ССМ информираат дека средбата била презакажана од страна на Владата на 31 јануари, што за нив предизвикува разочарување за прашања кои се од големо значење за работничките права. Фокусот на планираната средба требаше да биде зголемувањето на минималната плата на 18 илјади денари, како и продолжување на мерката за замрзнување на цените на прехрамбените производи.