За министерските разрешувања реагираат од „Огнената група“ во ДУИ
За министерските разрешувања реагираат од „Огнената група“ во ДУИ

За министерските промени во власта попладнево реагираа од „Огнената група“ во ДУИ. Според Саранда Имери, којашто е секретарка за родова еднаквост, со одлуката за менување на заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани од Гостивар и ставањето на кадар на Алијанса на негово место, им се заканува опасност на активистите на ДУИ во Гостивар.
Во својата реакција таа наведе: „Зарем гласачите гласаа за ДУИ потоа да ги разрешува кадрите од Гостивар, кои и онака ги нема многу на централно ниво“. Според неа, сега може да се случи кадрите на Алијанса да ги отпуштаат од работа активистите на ДУИ од Гостивар или да им го оспоруваат вработувањето. Имери ги повика пратениците на ДУИ од Гостивар до понеделник да се освестат што прават. Инаку, заменик-министерот Хасани е дел од „Огнената група“.