ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За началник на СВР Тетово предложен сопруг на пратеничка на ДУИ

Претседателот на Советот на општина Тетово ја обвини власта дека прави пречки при изборот на прв човек на СВР Тетово. Вели дека се отфрлаат предлозите на општината и се предлагаат имиња кои не ги исполнуваат условите. Бесар Дурмиши вели дека за прв човек на тетовската полиција власта предлага сопруг на пратеничка на ДУИ во Парламентот. Потпретседателот на ВМРО Александар Николовски пред неколку дена за Алсат изјави дека новиот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски, функцијата началник на полицијата во Тетово ќе ѝ ја довери на албанската опозиција. Николовски рече дека Тошковски ќе побара од Биљал Касами да предложи име.

Advertisements

„Оваа корумпирана власт еднаш предложи кандидат кој не ги исполнува критериумите за таа функција, што ние како Совет го отфрливме. Сега носи друг човек кој исто така не е адекватен за функцијата, но оди уште подалеку и тоа е само непотизам, бидејќи овој нов кандидат е сопруг на пратеничка од мнозинството. Го кршат законот не со две нозе како луѓето, туку со четири нозе. Немаат намера да го почитуваат законот, туку единствена должност им е да ја имаат полицијата во свои раце и да манипулираат со сè. Полицијата им треба за да се закануваат и да манипулираат со изборниот процес што ќе се одржи на 8 мај“, рече Бесар Дурмиши, Претседател на Советот на општина Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button