ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

За народот „леб и игри“, денеска рафтовите полни, а игрите продолжуваат

За народот „леб и игри“, денеска рафтовите полни, а игрите продолжуваат

Најголемите компании денеска се вратија на производството на бел и полубел леб, кои од денеска се продаваат за 33 денари. Луѓето утрово брзаа да купат што повеќе леб, можеби од страв да не се повтори сценариото од пред неколку дена кога полиците беа празни.

Advertisements

Извинете, зошто има толку малку леб на полиците?
Од сабајле е потрошен.
Го купија?
Да, да.
Од денеска се продава 33 денари?
Да, еве да ви дадам еден од овие.

Граѓаните кои излегуваа од маркетите со купени два-три леба ја поздравија одлуката на Владата за замрзнувањето на цените, но велат дека најавите на Министерството за економија за замрзнување на цените и на другите основни производи треба што поскоро да стане реалност.

“Нека не прават калкулации на сметка на граѓаните, туку да си ја работат својата работа. Сега млечните производи, основните производи, секако сирењето, кашкавалот не се достапни за сечиј џеб“, рече еден граѓанин.

„Мислам дека веќе се навикнати на идејата дека граѓаните можат и така да живеат и не ги ни прашуваат како им е или дали можат да си дозволат да платат. Напротив, продолжуваат да мислат само за нивниот профит“, додаде друг граѓанин.

Некои граѓани пак, купуваа брашно наместо леб.

А, дека цените на храната во Македонија се многу високи сведочат и нашите граѓани кои живеат во земјите на Европската унија каде платите се повисоки, а цените се пониски. Кај нас е обратно.

„Работам во Словенија. Таму е многу поевтино. Работам како возач на релација Швајцарија-Англија. Месото во Англија е многу поевтино, телешко месо 2 килограми чини околу 700 денари. Кашкавалот на пример, можеш да купиш 200 грама за 70 денари“, нагласи еден граѓанин./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button