ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
„За нас трошки, за нив богатство…“, револт поради високите плати за функционерите

Функционерите за себе вела дека се елита и воопшто не размислуваат за народот. Вака револтирани граѓани велат за платите на функционерите кои од следниов месец ќе бидат многу повисоки. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека зголемувањето не требало да се дозволи.
„Како прво, да почнат да ги зголемуваат пензиите и платите кои се ниски, потоа за себе да размислат. На тие позиции дошле по заслуга од народот, треба многу да внимаваат да не му штетат на народот бидејќи народот навистина многу страда.“
„Оваа држава ни ги краде нашите пари, плаќам данок ваму-таму, платите ги покачуваат, пензиите се мали, да ни ги зголемат и нас. Нема работа, нема ништо од оваа држава“, реагираат граѓаните.
Aјнур Бафќари