За недостиг на дел од учебниците, Јаневска ги прозва директорите

Министерката за образование Весна Јаневска вината за недостигот на учебници по историја и географија за шесто и осмо одделение ја префрла кај директорите на училиштата. Таа вели дека поради директорите навреме требало да нарачаат учебници. Додека за изборните предмети, Јаневска вели дека не е неопходно да се има учебник, бидејќи учениците можат да стекнат знаење преку интерактивна работа со наставниците.
За недостигот на асистенти за децата со посебни потреби, Јаневска рече дека со ребалансот на буџетот се обезбедени средства и конкурсот е отворен за 200 асистенти.
Министерката за образование зборуваше и за високите цени на училишниот прибор. Таа рече дека буџетот во нејзиниот ресор го затекнала во многу тешка состојба, и вети дека од следната година ќе има олеснувања за родителите. На последната седница на Владата беше одлучена ценовна граница за сите училишни прибори.
Линда Ебиби