ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За неколку години во Македонија може да нема мед ни за иљач

Evi Shkopi

Шабан Адеми е трета генерација во неговото семејство која се занимава со пчеларство. Секој ден со часови се грижи за пчелите во своите кошници. На локацијата што ја посетивме имаше 350, а вкупно со други места има 800 сандаци. Денеска Шабан со своите два сина, кои ќе бидат 4-та генерација која ќе ја наследи оваа дејност, ги подготвуваа пчелите за презимување. Со текот на годините, вели тој, работата на пчеларот е сè потешка, а количините мед сè помали.

„Луѓето не ја обработуваат земјата, тие што сами ја обработуваат користат секакви пестициди. Овде каде што се наоѓаме не се користат пестициди. Ситуацијата е хаотична. Штетата е голема доколку се користат неселективно и забранети средства, се знае дека пчелата е чувствителна. Доколку вака продолжи, особено кај посевите што треба да се прскаат, мора да се преземат мерки. Тоа се отрови и штетат на здравјето на пчелите. Тоа може да доведе до нивно исчезнување.“

Адеми вели дека институциите не посветуваат доволно внимание на заштитата на пчелите. Грижата за пчеларството институциите треба да ја започнат со следење на нивото и видовите на пестициди што ги користат земјоделците. За продажбата на медот, Шабани додава дека се потпираат на граѓаните кои избираат да купат мед од нив.

„Институциите не работат во таа насока, односно за здравје на пчелите. Ние во Македонија сè уште го немаме регулирано статусот за третман на пчелите. Нема производство на пчеларски лекови, за заштита на пчелите. Тие се увезуваат од странство.“

Од Министерството за земјоделство велат дека според податоците на Платежната агенција, барање за субвенции за пчеларството поднеле 5.068 пчелари. Но, според нив, бројот на пчелари е поголем, бидејќи барањето за субвенции не важи за сите. Според тоа, најрелевантни бројки кои ја отсликуваат состојбата во пчеларството се броевите кои се однесуваат на бројот на пчелни семејства и на бројот на пчеларници. Според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, во последните десет години бројот на пчелни семејства е двојно зголемен и денес изнесува околу 312.000, додека бројот на пчеларници изнесува 11.000.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button