ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
За нов претседател на Алтернатива е избран Зеќирија Ибрахими
За нов претседател на Алтернатива е избран Зеќирија Ибрахими

За нов претседател на Алтернатива е избран Зеќирија Ибрахими. Ибрахими на партискиот Конгрес што се одржа во Куманово ги доби гласовите од 439 делегати.
Вонредниот Конгрес на Алтернатива се одржа по оставката на Африм Гаши, кој ја презеде функцијата претседател на Собранието. До крајот на конгресот вршител на должноста претседател на партијата беше Беким Сали.