ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За Нова Година Скопје остана без достоинствено украсување

Годинава улиците на главниот град речиси и да не се украсени. Во телевизиската архива гледаме како низ годините главните улици во Скопје, булеварите и плоштадот се украсени и полни со секаков вид разонода. Но, годинава по улиците има само автомобили и граѓани.

Иако само неколку дена нè делат од промената на годините, празничната атмосфера во главниот град е само желба. Единствениот показател дека годината наскоро ќе се смени е една елка опкружена со киосци кои понекогаш дури и не работат. Споредено со главните градови на соседните земји, можеме да кажеме дека празничната атмосфера во Скопје е само желба.

Украсувањето на Скопје почна по 15 декември, а очекувањата на граѓаните беа поголеми.

„Вистина е дека нема доволно, но сепак треба да се забележи нешто убаво, традицијата да продолжи“…

„Атмосферата мора да биде празнична, колку и да имаме потреба, мора да се свртиме кон позитивното“, велат граѓаните.

За разлика од Скопје, Тирана и Приштина беа украсени уште првата недела на декември. Главните градови на соседните земји изгледаат убаво, па многу граѓаните на Македонија заминуваат во потрага по празничната атмосфера.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button