ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За општ национален консензус премиерот Ковачевски требаше да размислува лани, сега е веќе доцна, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако премиерот Ковачевски во интервју за МИА кажа дека сега е потребен национален општествен консензус за конечно да ја постигнеме стратешката цел, Северна Македонија да стане членка на ЕУ, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека моментот на општ консензус бил минатата година, кога илјадници луѓе протестираа против францускиот предлог, но и кога од партијата била дадена рака за помош која премиерот константно арогантно ја одбивал. Заради тоа, постигнувањето на општ консензус е задоцнето, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

„Ковачевски, Османи и Маричиќ преговорите ги водеа во стилот “Јас, тате и бате“, а од другата страна Бугарија го вклучи целиот свој дипломатски, институционален и експертски капацитет. И заради тврдоглавоста и кусогледоста на Ковачевски, денес Македонија треба да менува Устав под бугарски диктат и притоа нема никакви европски институционални гаранции дека Бугарија нема да поставува нови услови, нема да има промена на учебници и историски наративи, дека нема да има бесконечни преговори или однародување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат и дека премиерот ги премолчил изјавите на бугарските државници од чествувањето на Илинденското востание, со кои претседателот Радев и премиерот Денков отворено и директно го негираа постоењето на македонски идентитет и историја, со што самиот Ковачевски покажал дека се согласува со нивните тези. Излез од моменталната ситуација, според ВМРО-ДПМНЕ, се само избори, а не општи консензуси.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button